
Осмата рунда од Втората македонска фудбалска лига го носи и дербито на Истокот кое ќе се одигра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница од Штип.
Дерби за трите бодови, дерби и на двајцата штипски стратези Горан Здравков против Трајче Сенев.
Непоразениот лидер Брегалница сака три бодови во Радовиш, а пак Здравков кој е поранешен тренер на Брегалница, но и поранешен фудбалер на штипската фудбалска гордост одлично го познава тимскиот дух на тимот и атмосферата и тоа може да биде повеќе од голема предност за него и радовишани.
Брегалница одлично игра во новата сезона и засега е непоразен тим на патот кон експресното враќање во Првата лига.
Гледајте го дербито на Истокот од Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница на М Нет телевизија, в сабота од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет