
Вечерва ќе биде отворено третото коло во Првата футсал лига кое ќе биде затворено в недела со три натпревари.
Вечерва во Спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра натпреварот меѓу Клими и Проект натпревар каде домаќинот ќе бара прва победа во новата сезона против повратникот кој ќе атакува на второт сезонско славје.
В сабота ќе се одигра мечот меѓу шампионот Форца кој како голем фаворит ќе го пречека велешки Кеги Моби. Повеќе од јасна е улогата на апсолутен фаворит на Форца, која има далеку поквалитетен тим, па за Кеги Моби тоа ќе биде повеќе од тежок меч.
В недела ќе се одиграат останатите три натпревари со кои ќе се комплетира третата рунда. Бутел ќе ја бара првата победа против Шкупи на домашен терен, откако домаќин на стартот од сезоната запиша две ремија, а пак Шкупи има две победи.
Црна Река против Железарец во Кавадарци ќе атакува на прв позитивен резултат, на прва победа и први бодови, откако кавадаречкиот тим имаше два порази на стартот од сезонта и не тргна според посакуваното.
Железарец по големиот пораз во претходното коло запиша триумф, па сега ќе атакува на втора радост.
Јувентус Серава е исто така тим без бодови во новата сезона, откако нанижа два порази сега на домашен терен против Осогово од Крива паланка ќе бара први бодови.
Екипата од Крива Паланка ќе ја има улогата на фаворит, а доколку истата ја оправда тогаш ќе дојде до втора сезонска победа.
Александар Ванев, М-Нет