Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Преспа, сабота од 15 часот

Екипата на Брегалница како голем фаворит в сабота ќе го пречека тимот на Преспа од Ресен во натпревар од 6. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Токму овој натпревар ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија преку директен пренос од Градскиот стадион во Штип.

Фаворитската улога е јасна – „сините“ имаат далеку поквалитетен тим со големо искуство, но тоа ќе треба да го потврда и оправдат со триумф вреден три бодови. Гостинот од Ресен го очекува многу тешко гостување, па за нив и бод ќе биде повеќе од позитивен исход.

Брегалница е на врвот од табелата со учинок од четири победи и едно реми и се наоѓа на врвот од табелата со 13 бодови, а пак Преспа е на 14-тото место со три бодови на своето конто, а има учинок од една победа и четири порази.

Следете го во живо натпреварот меѓу Брегалница и Преспа на М Нет телевизија, сабота од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет