Дерби на Младост и Вардар Неготино во Богданци, Драчево Јуниор како голем фаворит против Преспа

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 3. коло на Првата ракометна лига, а во кое коло екипата на Текстилец од Штип ќе биде слободна, па така штипските ракометари кои имаат перфектен старт со две победи од два натпревари ќе имаат повеќе време да се подготват за гостувањето кај Партизан во рамки на 4. коло.

Овче Поле на домашен терен во Свети Николе ќе го пречека големиот фаворит Мулти Есенс, Македонија ЃП ќе бара триумф како фаворит на гостувањето кај Кичево, дербито на колото се игра во Богданци, каде ќе се очекува пеколна атмосфера меѓу Младост и Вардар Неготино, директна дерби пресметка на двата конкуренти за влез во Суперлигата. Повеќе од јасно е дека фокусот ќе биде на овој меч, а сигурно е дека салата во Богданци ќе биде исполнета до последното место.

Јехона ќе биде домаќин на Партизан, Драчево Јуниор како голем фаворит ќе го пречека тимот на Преспа, а пак Шампион ќе игра против Аеродром.

Александар Ванев, М-Нет