Во возило со штипски регистарски ознаки пронајдени бесправно исечени огревни дрва

На 27.03.2022 околу 22.00 часот во дворно место на В.Ѓ. во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле моторно возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, натоварено со бесправно исечени дабови огревни дрва, како и други огревни дрва оставени во дворното место кои, исто така, биле без соодветна документација. Дрвата и возилата биле предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш.