ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против проектите за Штип, СДСМ: ВМРО самоволно ги задолжува граѓаните

Советничката група на СДСМ настапува против граѓаните на Општина Штип, истакнаа денеска на прес конференција од советничка група на ВМРО ДПМНЕ. Од таму посочуваат дека на денешната седница на Советот на Општина Штип, гласале против проектите за локален економски развој.

„Советничката група на СДС на денешната седница на Советот настапува повторно против граѓаните на Општина Штип. Имено, тие гласаа против проектите за локален економски развој на градот:
Продолжување на булеварот Партизанска, обиколница од булевар „Гоце Делчев“ од населба Ново Село преку наслеба Пребег, изградба на конзоли низводно, центраниот кеј на река Отиња, набавка на фотонапонски панели за производство на електрична енергија со капацитет од 800 киловат часови, изградба на затворен пазар.“ – кажаа од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ пососија дека континуитетот на кочење на проектите во интерес на граѓаните на Штип е само очаен обид СДСМ да го прекријат своетот неработење.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и јавноста вратија од СДСМ. Велат надовр од седницата на советот ВМРО ДПМНЕ и Јорданов ја официјализираа одлуката за задолжување на градот за четири милиони евра.

„Претседателката не дозволи советот да одлучува за потребата од итност за дополнување на дневниот ред со оваа точка. Согласно член 40 и член 92 од деловникот за работа, членовите на Советот и градоначалникот на општината можат и по свикувањето на седницата, како и на самата седница да предложат во дневниот ред да се внесе одредено прашање доколку тоа прашање е од итен карактер и доколку во писмена форма се образложи итноста.

По итна постапка може да се донесе одлука кога е тоа неопходно заради спречување на елементарни непогоди, други вонредни околности или кога е од интерес за остварување на функциите на општината. Пред да се донесе одлуката, Советот претходно одлучува дали е

неопходно донесување одлука по итна постапка, а потоа води расправа по предлогот на одлуката. Ова не е прв случај кога мнозинството во советот предводено од ВМРО ДПМНЕ сака на мала врата и без претходна расправа во комисиите да донесе одлуки за кои е потребно да се слушне мислењето на граѓаните.“ – вратија од СДСМ.

Ова не е прв случај кога мнозинството во советот предводено од ВМРО ДПМНЕ сака на мала врата и без претходна расправа во комисиите да донесе одлуки за кои е потребно да се слушне мислењето на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет