Над 50 ученика пријавени за стипендии и награди во Штип

Пријавени 37 ученика за стипендии и дополнителни 18 за еднократна парична награда на јавниот повик кој за првпат беше распишан во Општина Штип. Според надлежните ова покажува голема заинтересираност кај учениците, а резултатите ќе бидат познати наредната недела. Повикот траеше до 14 ноември, а право на учество имаа сите ученици од основните и средни училишта, како и учениците кои имаат завршено средно образование неподолго од една година.

“Општина Штип започна со процес на доделување награди и стипендии за истакнати ученици, односно ученици кои постигнале резултати на меѓународни и државни натпревари. За таа цел беше објавен јавен повик кој траеше до 14 ноември и интересот беше доста голем. Имаме пријавено 37 ученици за стипендии, додека 18 пријави имаме по однос еднократни парични награди. Во очекување на првиот состанок на комисијата за доделување на награди и во консултација со членовите од комисијата договорено е првата средба да биде веќе во понеделник“ – кажа

Во транспарентна постапка за кратко време ќе бидат објавени резултатите од наградени ученици по основ на еднократна парична награда и стипендирање. За стипендирање на истакнати ученици се издвоени вкупно 300 илјади денари од Буџетот на Општина Штип, а 30% од вкупната сума ќе бидат искористени за еднократни награди во вредност од 30 илјади денари. Стипендирањето пак ќе биде во период од 12 месеца.

Лаура Стојанова М-Нет