
Прво роденото бебе во Штип и настанот пред Акушерското одделение при Клиничка болница Штип ги разгоре страстите меѓу Локалната самоупрва и менаџментот на болницата. По вчерашните случувања и прес на директорот на болницата утринава, на прес конференција излегоа и од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат преседан е прекинот на долгогодишната традиција која фрли црна дамка врз град Штип.
„Преседан е прекинот на долгогодишна традиција, која фрли црна дамка на среќниот настан за нашиот град. Претходните години директорот не ги почитувал протоколите кои оваа година за прв пат ги бара при посета на штотуку породени пациентки. Истиот директор, во минатото со цела екипа неколку часа после породувањето се сликал и давал изјави пред медиуми, но оваа година даде груба забрана за протоколарниот настан. Ваков случај не е забележан во ниту една општина во државата, но тоа само јасно го покажува конфликтниот карактер на раководителот на болницата. Очигледен е политичкиот мотив и личната фрустрација, кои се невиден скандал и безобразие! Вчерашниот несреќен настан, воден од очајноста и политичките побуди на директорот, фрли црна дамка врз целата позитивна активност!“ – кажаа од ВМРО ДПМНЕ.
Ваков немил настан за првородено бебе во Штип не се памети од годините наназад.
Лаура Стојанова М-Нет