Пуштени во употреба и базените во бањата Кежовица во Штип

Од денеска пуштени во функција базените во бања кежовица во Штип, со што истата целосно е оспособена за работа и можноста да ја користат граѓаните од Општина Штип, но и регионот. Имено, општиот дел на бањата беше пуштен во функција на почетокот на месец декември минатата година, но базените не бидејќи се уште не беше завршено нивното дезинфекционирање. Дирекоторот на ЈП Исар Трајче Здравков исткана дека сега и тоа е завршено.

„Пред месец дена поточно на 1 декември ја отворивме општата бања, машкиот и женскиот дел на бања Кежовица. Ја саниравме, ја доведовме до една нормална ситуација, бдејќи беше запуштена подолг период. Од оваа недела добивме дозвола да ги отвориме и базените во машкиот и женскиот дел на општата бања, тоа се беше по барање на граѓаните“ – кажа Здравков.

За корстење на бањата ќе се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од Коивд 19, а истата ќе работи со ограничен капацитет.

„Капацитетот е 35 седишта во машката и женската бања. Според сите протоколи работиме со намален капацитет на пола, односно 17- 18, ќе се користи преку едно столче за да се запазат сите протоколи“ – додаде Здравков.

Бањата Кежовица во Штип не работеше неколку години заради ковид пандемијата, но истата беше во лоша состојба. По направената реконструкција и нејзино оспособување за работа се пушти во функција. За граѓаните на Штип ова е од големо значење бидејќи водите се лековити, а потребата повеќе од голема.

Лаура Стојанова М-Нет