Георгијев: Режирана театарска претства беше вчерашната случка пред КБ Штип

Режирана театарска престава вака директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев ја оценува вчерашната случка пред вратите на Акушерското одделение. И ако како што кажа Јорданов вчера дека добиле дозвола да го посетат бебето и мајката, Георгијев утрина го демантираше истото. Според него, градоначалникот Јорданов ги прескокнал сите болнички истанци и со никаква најава кај надлежните дошол во термин кој самиот си го одредил да го посети бебето.

„Морам да напомена дека добивме согласност од дежурниот гениколог и од родилката да ја направиме посетата која што традиционално секоја година се прави, но оваа година сме спречени од страна на директорот“ – кажа Јорданов.

„Верувам дека во светот не постои случај да градоначалник ги прескокне сите инстанци на една болница кои се по редот на нештата должни да му го организираат престојот овде и со никаква најава ниту кај директорот, ниту кај главната медицинска сестра, ниту кај раководителот на одделот за Гинекологија, ниту пак кај дежурниот лекар, да се појави пред вратата на Акушерското одделение во термин кој тој сметал дека треба да биде таму, неполни три ипол часаа по породувањето“ – додаде Георгијев.

За немилиот настан Георгијев ја истакна и другата страна на вистината. Според него здравјето на родилките и новороденчиња е над се и пред се.

„Вистината е следна. По укажување на гинеколозите најран термин за посета на родилката беше вчера во доцните попладневни или вечерни часови. Кога конечно во 13 часот се слушнавме со госпоѓа од кабинетот на градоначалникот и посочив дека терминот во кој тие најавиле дека ќе дојдат 13:30 е премногу рано и понудив било кој термин вчера вечерта, денес рано наутро сме тука, спремни да ги пречекаме“ – кажа Георгијев.

Обвинувањата се неосновани додаде Георгијев во оваа прилика, истакнувајќи дека тој и вцелиот медицински тим се грижат за здравјето на пациентите. Во меѓувреме, се роди и второто бебе на Акушерското одделение при Клиничка болница Штип, чие семејство е од Штип.

Лаура Стојанова М-Нет