Со доаѓањето на секоја нова Влада, владее и стравот дека проектот изградба на брана на река отиња ќе биде напуштен. Децениското искувство штипшјани ги направи песимисти економската криза, во моментов состојбата со коронавирусот, но и други непредвидливи фактори, повторно ги плашат штипјани дека проектот ќе остане само на хартија. Но носителите на актуелната власт уверуваат во спротивното нивниот вокабулар ги прецизира повторните и повторни вербални најави за планираниот старт со изградба, за тековните административни активниости, за дефинитивното финасиско одобрување на милионските владини средства. Штипјани во шега велат повторувањето е мајка на знаењето и подобро би било да се фатат за лопата колку да не ја заборавиме сликата од предходните носители на власта на локално и државно ниво. Но денес кај огледалото сегасните носители на власта уште еднаш напоменаа дека се многу поразлицни од нивните противници и дека се ќе биде изработено навремено и ефективно.

Во втората фаза откако ќе почне експропријацијата на одредени имоти, според сегашни проценки, има многу мал дел бесправно изградени објекти, она што ќе биде зафатено во водното огледало и потопено со вода. Бесправните објекти се јавуваат повеќе во заштитната зона на браната. Зоната која што е на страната на Суитлакот е заштитена од другата страна кон Калдрма, Кошево, Шашаварлија, и таму нема многу објекти.
Надеж за браната Отиња, постои. Според техничката документација, браната на река Отиња ќе зафаќа опфат од 120 хектари, а во него се водното огледало и заштитните зони од минумим 50 метри.
Но децениското искуство ги направи штипјани песимисти. Со доаѓањето на секоја нова Влада, владее и стравот дека проектот ќе биде напуштен. Економската криза, во моментов состојбата со коронавирусот, но и други непредвидливи фактори, повторно ги плашат штипјани дека проектот ќе остане само на хартија. Но, надежта не умира. Ако Штип издржа 60 години со сонот, сега веќе е на чекор од него.
Маре Стојилова М Нет
Дарко Донев М Нет