
Изградба на брана на река Отиња е сонот на Штипјани, но и вистинска детска радост за премирот Зоран Заев. Тој денеска од Виница истакна дека во иднина борбата ќе биде за вода, а не за нафта па секој почеток на изградба на нова акумулација претставува дополнителен придонес за државата.
„Се радувам многу како мало дете затоа што секоја акумулација претставува едно трајно добро. Занете борбата во светот во иднина ќе биде за вода, нема да е за нафта за гас или слично. Новите обновливи извори на енергија се повеќе светот ќе го обезбедуват со зелена енегрија, но сите акумулации како трајни водни ресурси кои може да бидат потенцијал за водоснабдување за пиење, за наводнување и слично“ – истакна премиерот, Зоран Заев
Околку 80 до 85 милиони евра е вредноста за изградба на барни во државата.
Според Заев колку повеќе се инвестира во акумулации и системи за наводнување толку повеќе ќе биде попрофитабилно земјоделското производство, а толку подостоинсвени ќе бидат и земјоделските производители во државата.
Лаура Стојанова М-Нет