
По три децении Виница ќе добие современ затвотен пазар на две нивоа. Денеска во присуство на Градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, премиерот Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски, директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Бачовски и претседателот на Советот на Општина Виница, Тони Велков беше поставен камен темелникот на новиот пазар.
„Станува збор за затворен градски пазар со површина од 1810 метри квадратни која ќе се состои од отворен и затворен дел и две нивоа кат и приземје. Во затворениот дел се планирани дуќани кои ќе бидат наменети за продажба на овошје, зеленчик, млечни и месни производи, административна просторија и санитарни јазли. Останата површина ќе биде отворена и на неа е планирано да бидат поставени тезги за продажба на секкаов вид прозиводи, патека за движење на пешаци и возила, како и пристапна рампа за лица со посебни потреби“ – кажа Димитров.
Изградбата на пазарот во Виница е од огромен интерес и за земјодеските производители од околните општини како и трговците од целиот регион.
Вредноста на овој капитален проект изнесува 29 милиони и 300 илјади денари, а средствата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.
Лаура Стојанова М-Нет