
Вечерва започнува петтиот интерначионален хорски фестивал Астибо фест во Штип. Со свечено отворање во Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип, и настап на два хора граѓаните ќе имаат можноста да уживаат во хорската музика. Директорот на Дом на култура, Горан Трајков ги покани граѓаните да го проследат настанот и да уживаат.
„Упатуваме покана до сите граѓани на град Штип, вечерва да ни бидат наши гости, да присуствуваат на отворањето на петтиот интернационален хорски фестивал. Во првата вечер влегува и отворањето, она што беше планирано за на отворено поради временските услови го премествуваме за внатре. Целатаманифестација започнува од 20 часот. Вечерва на програмата се градскиот хор Штип и хорот од Република Бугарија. Со тоа упатуме еден апел до граѓаните да дојдат и да уживаат во прекрасната музика.“ – кажа Трајков.
По два хора ќе настапат и во наредните два вечери, а во сабота учесниците ќе добијат признанија и награди. На фестивалот ќе има гости од државата, но и од Бугарија, Србија и Турција. За овој фестивал од Министерството за култура се издвоени 300 илајди денари.
Лаура Стојанова М-Нет