
Предвидениот ветер од недела кон понеделник ќе ја намали маглата во истокот. Дежурниот синоптичар Борис Секирарски за М-Нет телевизија вели дека маглата ќе се задржи се до следниот викенд наутро, па ова позитивно ќе влијае за да квалитетот на воздухот има одични нивоа.
„Oвие врнежи сепак во централните и источните делови, иако на секаде ќе бидат од дожд, овде ќе бидат со послаб интезитет. Ќе има малку појава на јужен ветер, кој ќе влијае маглата да ја ослабува побрзо во следните два дена, но и понатаму се до почетокот на следниот викенд ќе имаме магла наутро и променливо облачно, сончеви периоди, особено на повисоките места и планините и на истокот. Поголема промена на времето ќе има на вториот ден на викендот, каде што ќе имаме јужно струење, зголемеа облачност. На почетокот на следната работна недела посилен ветер и ќе влијае да се промени ситуацијата со маглата.
Нова снежна покривка од понеделник ќе има само на повисоките места и осоговието, вели Секирарски, а на останатите делови само дожд.
Индексот на квалитеот на воздухот денес изнесува55 ниво Слабо
Воздухот достигна високо ниво на загадување и е штетен за здравјето кај чуствителните групи. Намали го времето поминато надвор ако чувствуваш симптоми како што се отежнато дишење или иритација на грлото.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет