
Доделени пакети со гардероба и хранителни продукти за сите ученици од државното средно училиште Искра во Штип од страна на Општинска организација, Движење ЗНАМ Штип. Претседателот Горги Хубрев за М-Нет телевизија вели дека донацијата е исклучиливо важна за учениците, а целта на нивната организација е да се помогне онолку колку што се може.
“Нашата донација се состои од гардероба за деца за машки и за женски и хрантиелни продукти. Донацијата е исклучливо за школото, а нивно е да ја поделат како што тие мислат. Самата политичка партија сака да помогне на секаде онолку колку што може.“, вели Хубрев
Секоја донација за училиштето значи многу, вели директорот на ДСУ Искра Штип Maрјан Арсов, а истата посебно ги израдува децата од училиштето
Она што додатно го истакна директорот е тоа дека секоа донација во училиштето е добредојдена, повикувајќи ги на масовност сите донатори кои што сакаат да помогнат на овие ученици.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет