
Утре во рамки на 19. коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Воска Спорт ќе има незгодно гостување кај Беса од Добри Дол, а овој меч е многу важен за охриѓани на патот кон директен влез во Прва лига, влез кој за Воска Спорт ќе биде историски.
Искусниот голман на Воска Спорт, Хадис Велии, пред утрешното соочување со Беса, вели дека неговата екипа е максимално подготвена за важниот натпревар против Беса и додека дека се надева на остварување на целта за историски влез во Прва лига.
„Утре не очекува дерби натпреварот против Беса од Добри Дол. Со оглед на важноста на оваа средба, можам да кажам дека нашиот тим е максимално подготвен за овој натпревар, но и за секој друг натпревар. За Воска Спорт до крајот на првенството секој натпревар e како финале, со оглед на нашите аспирации, а тоа се Првата лига. Имаме многу квалитетна екипа и веруваме дека ќе победуваме до крајот на првенството“, рече Велии.
Натпреварот е закажан со почеток од 14:00 часот, а главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.