
Од 50 запалени возила во текот на 2020 година, бројката намалена на 20 во 2022 година. Трендот на запалени автомобили во Штип се намалува, констатираше командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев. Додава дека сите пожари на возила биле од неисправна инсталација, а не станувало збор за намерни палења за кои се добиваат кривични пријави. Дециден е дека делуваат како пожарникари и бројот драстично е намален.
„За запалени во Општина Штип за 2020 година имаме околу 20 возила, но по утврдените работи од страна на МВР се констатираше дека причина е неисправна електрична инсталација. Како пожарникари кои дејствуваме на возилата видовме дека е од неисправна инсталација. Минатата година имаше повеќе, оваа година има помал интезитет на палење на автомобили, но за тоа утврдува МВР. “ – вели Коцев.
Карактеристично и заедничко за сите пожари во Штип, на автомобили, куќи, фарми и слично е фактот дека настануваат од неисправна инсталација, додава Коцев. Радува фактот што палењето на стрништата не е толку застапено во Штип и Карбинци и покрај тоа што најголем дел од пожарите се на отворено.
„За Општина Карбинци сите интервенции се на отворен простор. Моментално во Општина Штип и Карбинци нема зголемен обем на запалени стрништа. Од страна на ТППЕ Штип реагираме брзо, на запалени суви треви, ги гасиме по брза постапка така да моментално немаме опасност од стрништа и сува трева.“ – додава Коцев.
Во текот на претходната година од страна на ТППЕ Штип е интервенирано во вкупно 371 случај, од кои 264 пожари и 107 технички интервенции. На територија на Општина Карбинци се интеревенирало вкупно 49 пати. Коцев вели екипираноста е задоволителна за да се реагира во даден момент.
Лаура Стојанова М-Нет