
Велигденско со казна ,,почестени“ возачи во Штип, возеле пијани, со голема брзина, без возачки и регистрирации
За време на Велигденските празници, во периодот од 17.04 до 21.04.2025, на подрачјето на СВР Штип беа преземени засилени мерки во областа на сообраќајот, при што беа контролирани 1294 возила и беа издадени вкупно 258 прекршочни платни налози. При контролите, од сообраќај беа исклучени 21 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, односно 14 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола. За управување возила со брзина поголема од дозволената беа издадени 107 прекршочни платни налози, а 129 за нерегистрирани возила. Во овој период беа регистрирани 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и пет со материјална штета.
Иван Митев, М-Нет