
Киро Гоцевски од село Нов Истевник, делчевско, произведува магарешко млеко. Се вратил од Швајцарија и купил 50 магарици со цел да има свој бизнис. Така започнал со нивно одгледување и со производство на магарешкото млеко. Сам произведува храна за магарињата, но како што вели има и вработен кој му помага да добијат храна, вода и нега секогаш и навремено.
„Почнавме да се занимаваме од 2019 година, јас бев 20 години во Швајцарија. Кога се враќав дојдев до идеа да чувам магарици. На почетокот купив 50 магарици и така започнавме. Едно магаре да чуваш не е тешко, ама 40 магариња ручаа по 40 бали село. Храната е моја, косам, балирам, собирам сено.“ – вели Гоцевски.
По трагедијата во дискотеката во Кочани, Гоцевски ја покажува и својата хуманост на дело. Со оглед на фактот дека млекото е лек за кашлица, тој донира 200 литри, со цел да им помогне на повредените од пожарот кој вдишале чад.
Магарешкото млеко поради високото ниво на ензими, се смета за природен антибиотик и е одлично во борбата против бактериските инфекции во организмот, посебно од труење и лечење на кожни болести. Затоа е препорачливо токму младите лица кои се затруени во пожарот во Кочани да го пијат магарешкото млеко за јакнење на имунитетот и чистење на белите дробови.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет