
Денес се одиграа натпреварите од претпоследното 32 коло на ПМФЛ во кое се разрешија некои дилеми околу врвот и околу дното на табелата. Нашиот најдобар македонски клуб,Вардар со поразот во Струга конечно испадна од Првата лига а тимот на Струга Трим Лум е поблиску до европските купови. Борец е сигурен а Академија Пандев со денешната победа на гости а со меч во последното коло дома против Борец скоро го обезбеди прволигашкиот статус а за бегство од незгодниот бараж сеуште теоретски спас ќе бараат Силекс и Ренова. Еве ги комплетните резултати од ова претпоследно 32 прволигашко коло:
- Баласица – А. Пандев 0:2
- Борец – Ренова 2:0
- Македонија ЃП – Шкендија 3:4
- Работнички – Силекс 3:1
- Шкупи – Пелистер 0:0
- Струга ТЛ – Вардар 1:0
Табела
- Шкендија 74
- Шкупи 58
- Струга ТЛ 54
- Македонија ЃП 52
- Работнички 47
- Пелистер 42
- Борец 40
- А. Пандев 38
- Силекс 36
- Ренова 35
- Вардар 31
- Беласица 17
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk