
Шампионот Вардар со вчерашниот тренинг ги започна летните подготовки преку кои ќе ја темпира формата за тоа што му следува летото, а тоа се квалификациите за Лигата на шампиони.
Под водство на новиот тренер и неговиот стручен штаб „вардарци“ ги стартуваат подготовки во сезона во која ќе ја бранам шампионската титула и ќе атакуваат на двојна круна односно освојување и на Куп титулата.
Покрај стартот на подготовките Вардар и официјално го потврди трансферот на Португалецот Мигел Пиреш, кој беше промовиран како ново засилување. Пиреш доаѓа од редовите на македонскиот прволигаш Силекс, а со Вардар стави потпис на договор со времетраење до 15 јуни 2027 година.
Португалецот во дресот на кратовскиот прволигаш постигна 11 гола во Првата македонска фудбалска лига и веднаш го првилече вниманието на шампионот. Инаку, претходно екипата на Вардар се засили со напаѓачот Герсон Родригеш, како и младиот голман Даниел Диковски.
Александар Ванев, М-Нет