
Вчера беше комплетирано петтото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот во Кавадарци каде Тиквеш и шампионот Вардар ги поделија бодовите играјќи 1:1. Домаќинот уште од 25. минута играше со играч помалку откако Лавал доби црвен картон, а во вториот дел Тиквеш имаше неколку големи шанси и можеше и да го добие мечот против Вардар кој не одигра според посакуваното.
Со комплетирањето на колото го имаме и конечниот изглед на табелата по пет кола каде лидер е тимот на Шкендија со 15 бодови, пет повеќе од Струга која го држи второто место, а пак Тиквеш е трет со осум бодови.
Дури четири екипи имаат по седум бодови позиционирани од четвртото до седмото место тоа се Силекс, Вардар, Шкендија Арачиново и Арсими. Штипска Брегалница го задржа осмото место или бараж зоната со шест бодови, Скопје е претпоследен со три бодови, а на дното е Башкими како единствен тим без бодови по пет кола, овие две екипи се во зоната за испаѓање во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет