
Утре со четири натпревари ќе стартува новата сезона 2026/2027 во фудбалскиот Куп на Македонија.
Прволигашот Струга Трим Лум ќе има лесна задача против третолигашот Победа во Валандово, каде стружани се повеќе од апсолутни фаворити за следна фаза, второлигашот Пелистер за противник го доби третолигашот Студеничани, битолчани се фаворити.
Во рамките на првата фаза ланскиот прволигаш Македонија ЃП ќе игра против третолигашот Влазерими, а пак Брера од Струмица ќе гостува во Неготино каде ќе игра против третолигашот Венец.
В среда ќе биде одигран натпреварот во Свети Николе каде третолигашот Овче Поле ќе го пречека Вардар, во меч каде шампионот на Македонија ќе биде повеќе од апсолутен фаворит за пласман во следната фаза.
Куп титулата ја брани Силекс, а тимот од Кратово во првата фаза е слободен.
Александар Ванев, М-Нет