
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар главната фаза од зимските подготовки за пролетниот дел ќе ја одработи во Анталија, Турција, каде ќе одигра и пет пријателски натпревари на турско тло преку кои ќе се темпира формата.
Вардар на 18. јануари заминува за Турција, а таму ќе остане до 8. февурари.
Првиот пријателски меч е закажа за 22. јануари против тимот на Актобе од Казахтан, на 26. јануари ќе следува тест против грузискиот тим Ибериа, а пак на 29. јануари е закажан тестот со Верес Ривне од Украина.
На 31. јануари ќе биде тестот со Аквитал Чаквар од Унгарија, а „генералката“ во Турција ќе биде против Рапид Виена од Австрија за 5. февруари.
Вардар презимува на претпоследното место на табелата со 13 бодови и во пролетниот дел ќе се бори за директен опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет