
Пролетниот дел од Суперлигата ќе понуди неизвесност особеноо за последните две места за плеј-оф, бидејќи ова трка ја водат четири екипи.
Веќе се познати патниците за плеј-офот тоа се Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, па остануват последни две места, а трката ќе ја водат Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп.
Бутел и Тиквеш го делат петтото место со по 16 бодови, а пак Пролет и Прилеп го делат седмото место со по 14 бодови и тука трката ќе биде многу неизвесна.
Четири екипи се сигурни патници во плеј-аутот каде ќе разигруваат за опстанок во ракометната елита на Македонија, тоа се Куманово, Бисинов, Струга и Радовиш.
На овие четири екипи ќе се надополнат двете екипи кои ќе извесат во трката за плеј-оф. Откако ќе се комплетира регуларниот дел од првенството ќе започне плеј-оф и плеј-аут сегментот.
Александар Ванев, М-Нет