
Засилена полициска контрола во последниот период во Штип. Ваквиот потег граѓаните го отценуваат како многу добар, истакнувајќи дека само така може да се внесе ред во градот. Велат дека возачите мора да внимаваат, да не управуваат со моторните возила откако конзумирале алкохол.
Инаку, СВР Штип апелира до граѓаните пред да ги напуштат своите домови од разни причини, да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од кражби и тешки кражби, како што се заклучување на влезните врати, вратите од терасите, балконите, гаражите и подрумите. Да не купуваат и употребуваат приотехнички средства, како и да не управуваат возиала, доколку имаат внесено алкохол. Воедно, на сите граѓани им ги честитаат претстојните Новогодишни и Божиќни празници со желби за здравје и среќа.
Лаура Стојанова, М-Нет