Вардар ги започна подготовки – главната фаза ќе се реализира во Словенија

ФОТО: Александар Ванев

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги започна подготовките за новата сезона и за европските предизвици.

По пауза од околу 20 дена, искусниот стратег Гоце Седлоски ја собра екипата и беше одработен првиот тренинг.

Во следните денови играчите ќе направат и медицински прегледи, а на 13 јуни екипата заминува за Раденци, Словенија, каде ќе се одработе главната фаза од подготовките со цел Вардар да биде во потребната форма пред почетокот на сезоната.

Во текот на подготовките Вардар ќе одигра и неколку пријателски натпревари со цел темпирање на формата. Со освојувањето на Купот на Македонија екипата на Вардар обезбеди излез во Европа и ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Александар Ванев, М-Нет