
Клубовите од Прва македонска фудбалска лига ќе имаат право да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“ односно од Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора, а кои нема да се сметаат за странци при регистрација.
Дополнително, со новата одлука има зголемување на таксите за регистрација на странски фудбалери. Така, за петтиот фудбалер – странец, таксата за регистрација ќе изнесува 6,500.00 евра. За шестиот фудбалер – странец, таксата за регистрација ќе изнесува 9,000.00 евра. За седмиот фудбалер – странец, таксата за регистрација ќе изнесува 11,500.00 евра, додека пак за осмиот фудбалер – странец, таксата за регистрација ќе изнесува 16,500.00 евра.
Овие се нови промени донесени на редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Александар Ванев, М-Нет