
Детонит Плачковица после долг период е поразен на домашен терен, митот за непобедливиот Радовиш падна, откако Новаци со 2:4 славеше над Детонит Плачковица.
Веднаш по натпреварот изјава за телевизија М Нет даде стратегот на радовишани, Иван Варадиновски, кој вели дека имале многу дефанзивни грешки кои не биле својствени за нив.
„Не очекувавме ваков старт, многу дефанзивни грешки кои не беа својствени за нас како екипа. Сепак, ваквите работи се случуваат во фудбалот, верувам во екипата и се надевам дека ова ќе биде една поука и дека ќе се консолидираме во наредните натпревари“, изјава Варадиновски за М Нет по поразот од Новаци.
Во следното коло Детонит Плачковица ќе гостува во Македонска Каменица кај Каменица Саса.
Александар Ванев, М-Нет