
Детонит Плачковица загуби во баражот за влез во Првата лига, откако во Струмица на „Благој Истатов“ со 2:0 Вардар беше подбар и останува во Првата лига и следната сезона.
Радовишани имаат историска сезона, иако не го крунисаа тоа со победа во баражот, сепак Детонит Плачковица направи историја, а радовишани треба да се горди на оваа златна генерација, која ќе биде запишана како генерација која направија успех и историја освојувајќи го третото место и играјќи бараж за Прва лига.
По натпреварот изјава за телевизија М Нет даде штипскиот стратег Иван Варадиновски, кој го води Детонит Плачковица година и пол.
„Благодарност до публиката за поддршката во текот на целиот натпревар, честитки за екипата на Вардар им посакувам се најдобро во иднина. Нормално е да има разочарување, но не смееме да бидеме неблагодарни, секоја чест за моите играчи и сметам дека треба да бидеме горди како клуб, град и јас лично како тренер за се што постигнавме во оваа сезона“, рече во изјава за телевизија М Нет, тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски.
Сезоната во Првата и Втората лига заврши, а сега ќе остане да се пополни Третата македонска фудбалска лига со екипите кои испаднаа од Втората лига и со екипите кои не се пласираа во Втората лига односно загубија во баражите, како и со екипите кои од Општинската односно Четврта лига ќе заиграат во третолигашкото друштво.
Александар Ванев, М-Нет