Брегалница утре гостува во Валандово, Карбинци домаќин на Работнички во Купот на Македонија!

Утре ќе бидат одиграни дел од натпреварите од првата фаза на Купот на Македонија, а екипите се подготвени за првото соочување и за оваа натпреварување за сезона 2025/2026.

Второлигашот Брегалница утре ќе гостува во Валандово, каде ќе се соочи со екипата на Победа.

„Следне натпревар за нас ние во Купот, ние играме во вторник тој натпревар да го поминеме, потоа ќе направиме одредена анализа и за овој натпревар и за тој во Купот. Ќе се подготвуваме нормално за гостување во Неготино ќе дадеме се од себе уште еднаш повторувам да можеме да собираме бодови и да бидеме секој пат при врвот на табелата“, рече Костов.

По утрешното гостување на Брегалница во Валандово кај Победа во Купот, потоа штипјани ги очекува уште едно гостување кај „незгодниот“ Вардар Неготино на „Цвај арената“ во рамки на 2. коло на ВМФЛ.

Во рамки на првата фаза од Купот третолигашот Башкими од Јаболчите во Велес ќе го пречека Детонит Плачковица, третолигашот Евротип ќе игра против прволигашот Силекс.

Екипата на Карбинци која се натпреварува во ТМФЛ – Исток ќе игра против Работнички во Купот, Охрид ќе го пречека прволигашот Брера, Шкендија Арачиново оди на мегдан со Каменица Саса, а пак третолигашот Љуботен ќе игра против прволигашот Македонија ЃП.

В среда во Струмица соочување на Беласица и прволигашот Арсими, на 3 септември ќе играат Пчиња против Новаци и Тетекс со Пелистер, на 9 септември ќе се соочат Победа со Башкими, а пак за 10 септември се закажани три меча. Скопје пртив Тиквеш, четвртолигашот Јени Маале против прволигашот Шкендија, а пак Кожуф ќе го пречека Шкупи.

Александар Ванев, М-Нет