
Брегалница со триумф од минимални 1:0 над Силекс ги започна пријателски натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
На Градскиот стадион во Штип екипата на Брегалница предводена од Горан Здравков беше подобра од кратовскиот прволигаш. Единствен стрелец на средбата беше Кинг Канфром на асистенција на повратникот Михаил Маневски.
Сите играчи кои се во тренажен процес денес добија минутажа.
Силекс сега заминува на подготовки во Охрид каде ќе ја одработи главната фаза.
Брегалница пролетниот дел го отвара со дербито против Тиквеш на Градскиот стадион во Штип, а пак Силекс предводен од Александар Васоски стартува против Брера Струмица.
Александар Ванев, М-Нет