Брегалница се раздели со Дарко Алексовски – популарниот Пеле продолжува во нова средина!

Брегалница во понеделник ќе ги започне подготовки за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, но веќе се работи на околу ростерот за пролетниот дел.

Брегалница денес ја имаше првата разделба со штипјанецот Дарко Алексовски, популарниот Пеле кој сега е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Како што дознава М Нет разделбата доаѓа во текот на денешниот ден, а фудбалерот бил изненаден кога му било соопштено дека клубот нема да смета на него во пролетниот дел и дека е слободен во потрага да бара нов клуб, а притоа како што ни вели Алексовски, не му била соопштена причина за разделбата.

Сепак, Алексовски пријателски се разделува со Брегалница и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Популарниот Пеле е фудбалер со големо искуство, кој има настапувано покрај за Брегалница, за Каменица Саса од каде летото во 2025 година се врати меѓу „сините“, Вардар Неготино, Детонит Плачковица, Силекс, Кит Го од Пехчево, Баби, како и за екипата на Модрача од Босна и Херцеговина.

Тоа што Алексовски е слободен играч веќе буди интерес кај екипите за негов ангажман, а во следниот период ќе биде познато каде штипјанецот ќе ја продолжи кариерата.