
Нередовното одржување на речните корита и канали за наводнување се причината поради која вчера се излеа Оризарска река, велат жителите од село Грдовци. Раде Арсов повеќе од шест децении живее и работи во селото, вели честопати се случува реката да се излее, а нивните дворови, подруми ниви да останат под вода. Според него за последната поплава најголемата вина лежи во Водостопанство „Брегалница“ Кочани.
„Заврши сеидбата, дојде жетвата, бентовите не ги скинат, водата ја сопрат, заврнат силни дождови и реката мора да пукне.“ – вели Арсов.
Од кочанската водостопанска подружница свесни за ситуацијата на терен, ама велат се работи со сите сили да се стави целосно под конторола. Откако изминатиот период се ќистеше коритото на Кочанска река која ги поплави жителите на село Облешево, сега со механизација се работи на расчистување на коритото на река Масалница.
„Точно е дека во изминатиот временски период не се одржувани реките и речните корита и канали. Претходниот дожд кога беа големите поплави тогаш се излеа Кочанска река, ја саниравме. Сега моментално работиме на санирање на Оризарска река, активно се работи со една градежна машина и мислиме дека во наредните десет до 15 дена ќе ја ставиме целосно во фунција“ – вели Зашов.
Инаку, во брана Гратче водата која доаѓа е на прелив, кој денеска е околу 4 ипол метри кубни вода во секунда. Во акумулацијата Калимнаци има акумулирано околу 65 милиони метри кубни вода.
„Брана Градче е полна, во неа имаме околу два милиони метри кубни вода, сета вода што доаѓа оди на прелив. Вчера преливот беше 10 метри кубни вода во секунда, денеска е околу 4,5. Во брана Калиманци вчера имавме максимален доток околу 80 метри кубни вода во секунда, денеска дотокот е 30. Во Брана Калиманци има акумулирано околу 65 милиони метри кубни вода“ – вели Зашов.
Се очекува до започнување на наводителнта сезона браната Калиманци да биде полна.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет