СВР Штип со апел до граѓаните доколку им се јават непознати лица од странски броеви веднаш да се јават на 112

Во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела измама и обид за измама, во случаи кога непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот.
СВР Штип ги известува граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.