
Штипскиот второлигаш Брегалница се засили на офанзивната линија со Бојан Иванов, кој доаѓа од второлигашот Кожуф.
Во својата кариера има настапувано и за Македонија ЃП, Саса, Борец од Велес, Брера, Овче Поле, Слога и Работнички.
Штипјани ја продолжија соработката и со Димитриј Димитриевски, кој и во новата сезона ќе го носи дресот на Брегалница.
“Сините” најавуваат експресно враќање во Првата лига, откако лани испаднаа како последнопласирано фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет