Штипјанецот Даниел Илијев суди на Европското првенство за младинци во борење во Србија

Најдобрите судија во борење во Македонија, Даниел Илијев, суди на Европското првенство за младинци У-20 во Нови Сад, Србија.

Уште една потврда за штипјанецот Илијев кој е избран од Македонија да суди на Европското првенство со судии од цела Европа.

Македонија настапува со седум натпреварувачи на Европското првенство во Нови Сад, Србија.

Овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади борачи од цела Европа да се натпреваруваат за врвни почести во различни тежински категории и стилови.

Европското првенство У-20 ќе заврши за два дена односно на 7. јули.

Александар Ванев, М-Нет