Брегалница поради „Пастрмалијадата“ мечот со Скопје бара да се помести за нов термин

Штипскиот прволигаш Брегалница, преку соопштение информираше дека поднеле барање за поместување на мечот со Скопје, кој треба да се одигра на 19 септември, поради одржување на традиционалната манифестација „Пастрмалијада“ која ќе се одржи на Градскиот стадион во Штип.

Од таа причината Брегалница веќе испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија за нов термин на овој меч.

„Раководството на клубот поднесе барање до Фудбалската федерација на Македонија за одложување, односно преместување на термин за мечот од 8.коло од ПМФЛ против ФК Скопје на домашен терен, кој првично треба да се одигра на 19 септември, датум на кој на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата „Пастрмалијада“. Јавноста ќе биде благовремено известена за датумот на одигрување на мечот против ФК Скопје“, велат од штипскиот прволигаш.

Брегалница по пет кола има учинок од две победи и три порази и освоени шест бодови.

Александар Ванев, М-Нет