
Фудбалерите на Брегалница денеска беа мошне ефикасни на „градски“ во Штип и ако беа по коректни кон противникот и далеку по сериозни кон своите симпатизери можеа да му ја наполнат мрежата до врв на гостинскиот тим. Симпатичната екипа на Росоман предводена од „дамата“ шеф на стручниот штаб Драгана Костова, што е реткост за наши услови, и покрај надмоќноста на Брегалница играа фер, коректно и машки и нивната упорност резултираше со постигнување на почесен гол. Гол разликата на крајот може да биде решавачка во битката со Тиквеш кој продолжува со константно ефикасната игра. Брегалница – Росоман 6:1 (5:1) со хет – трик на Ангреј Кудијан, најмладиот играч на теренот Љупче Кудев беше стрелец на 2 гола и Мартин Стојанов беше стрелец на еден гола а за Росоман голот го постигна Бранко Андонов. Еве ги комплетните резултати од ова 9 коло:
Осогово – Плачковица 1:1
Тиквеш – Каменица Саса 3:0
Брегалница – Росоман 6:1
Кожув – Кит Го Пехчево 2:1
Слога В – Победа 2:0
На табелата Тиквеш и Брегалница ја продолжуваат „мртвата трка“ за челната позиција со по 23 бодови, nо подобра гол разлика на Тиквеш а трета е екипата на Кожув со 16 бодови.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk