Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Од страна на Центарот за јавно здравје-Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови.

Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти. Согласно анкетата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе издаде решенија за изолација за лицата за кои таа ќе биде одредена.

Министертството за здравство изразува сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали,а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Амди Бајрам бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана состојба. На починатиот му бил земен брис, а резултатот потврдил присуство на вирусот Ковид-19.

Текстот Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството е превземен од МАКФАКС.