Брегалница загуби од Работнички на контролен натпревар во Штип

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет АРХИВА

Брегалница доживеа пораз на пријателскиот натпревар со екипата на Работнички, со минимални 0:1, на тест кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Стрелец на единствениот погодок постигнат во 45. минута беше Аломеровиќ од слободен удар.

Брегалница претходно загуби на тестот со Осогово во Пехчево со резултат од 1:3, „сините“ на Сенев беа поразени и од Вихрен од Бугарија со 2:1, а пак со 2:1 Брегалница беше подобра од Детонит Плачковица во Штип.

Новата сезона во Втората лига ќе започне на 17. август, а на 5. август ќе биде познат распоредот за новата сезона. Брегалница во новата сезона оди со една цел, а тоа е експресно враќање во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет