Кај местот наречено „Ѓиризи“ раданчани денес го одблежуваат денешното чествување на празникот Илинден

Од памтивек па до денес, село Радање го чествува големиот христијански празник Св. Илија или народски познато како Илинден. Кај метото наречено „Ѓиризи“ со телешко месо и вкусна манџа јанија, тие го одбележуваат денешниот празничен ден и си посакаа здравје, мир и среќа.

“Па во с. Радање, нашите луѓе што се постарите, нашите мајки, дедовци, пара дедовци што се биле го празнувале овој празник. Долу во селото се клале курбан, кај чешмата наречена „Ѓиризот“. Секоја година си има одреден човек што ја прави организацијата и секој од селото си дава пари.“

Празникот се чествува уште од турско време, кога имало страшна болест наречена „чума“ и тогашниот бег со македонците решиле да направат курбан за да се спречи поморот од оваа болест

“На тоа место обично се готве гравче или компири, задолжително треба да е манџа. Вака конкретно за овој празник, голем празник, бидејќи е и моето име, а јас се гордеам со тоа. Едно време имаше многу стока, тогаш голем бик се колеше, додека сега сме помалку, затоа помалку, колку пари, толку музика. Жените си одат на црквата, запалат свеќи за здравје или ако некој има панаѓија. Потоа се враќаат од црквата и си одат дома, додека мажите го подготвуваат целото тоа долу кај чешмата“

Денот Илинден е еден од поголемите Христијански празници кој се празнува низ целата држава и е важен за нашата историја. Тој покрај во с. Радање во штипскиот регион се чествува и во село Аргулица, но и Чардаклија.