Брегалница Делчево се засилува од Кочани, пристигнаа првите четири нови имиња за новата сезона

Третолигашот Брегалница Делчево продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално ги промовираше првите четири засилувања.
Сите четворица нови фудбалери пристигнуваат од Кочани и ќе бидат дел од составот на делчевци во сезоната 2026/27.
Голманската позиција ќе ја покрие Мартин Димитров, додека на бековската позиција тимот ќе биде посилен со Давид Тренчев.
Во средниот ред, пак, Брегалница Делчево се засили со Дејвид Иванов и Славче Митовски, со што клубот добива дополнителни опции во средината на теренот.
Од клубот им посакаа топло добредојде на новите фудбалери, со порака дека подготовките за новата сезона продолжуваат со амбиција за што подобри резултати.