
По вчерашната спогодбена разделба на Брегалница и Горан Здравков, штипскиот прволигаш веднаш го назначи Трајче Сенев за нов тренер, кој ќе има тешка задача кога е во прашање борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
60-годишниот стратег е повратник на тренерското столче во Брегалница, но сега ќе има тешка задача да се избои за опстанок, бидејќи „сините“ се на дното од табелата во Првата лига, а на последните пет натпревари Брегалница немаше триумф.
Сенев до брзо беше тренер на Кожуф, но реши да си замине од Гевгелија, а во својата кариера ги предводеше и Осогово, Кит Го Пехчево, Силекс, Баби, како и Брегалница.
Своето деби Сенев ќе го има веќе овој викенд против екипата на Шкупи на Градскиот стадион во Штип, во рамки на 26. коло од Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет