
Двајца фудбалери од Брегалница добија повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години Александар Таневски за настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Лука Бојаџиев и Даријан Тасев ќе настапат во дресот на нашата репрезентација која е во група со Тунис, Турција и Мароко.
Со ова уште еднаш се потврдува развојот на младите штипски фудбалери кои напредуваат во нивните кариери и со тоа младите надежи добија повик од селекторот Таневски.
Од штипскиот прволигаш им посакаа успешни настапи на сите фудбалери на Македонија кој ќе настапат на Медитеранските игри во Италија.
Александар Ванев, М-Нет