Бојан и Бобан изиграа унгарски „чардаш“ по македонски рецепт

Вечерва во Будимпешта се одигра интересен фудбалски натпревар од првенството на OTP BANK лигата на Унгарија помеѓу екипите на МТК и МОЛ Фехервар. Она што е интересно и што го привлече вниманието на спортската јавност а со тоа и „дражта“ на фудбалската магија е што на теренот спротивставени беа двајца македонски или поточно штипски репрезентативци. За тимот на МТК тоа беше Бојан Миовски а во дресот на МОЛ настапи Бобан Николов кој покрај себе го имаше и Висар Муслиу.

Во мошне интересен, атрактивен и со 4 голови зачинет меч победи МТК со резултат 3:1 (1:0) а Бојан Миовски во 64 м. беше стрелец на третиот гол за својот тим. Со ова Бојан Миовски ја потрвдува одлуката на МТК кој го бараше да потпише договор со него заради зајакнување на навалниот ред а Бојан тоа и те како одлично го работи. Веќе нанижа 5 голови,комбинирано во Купот и Првенството на Унгарија и ја оправдува својата реализаторска раскошна снајперска особина. МТК засега е на 4 место со 15 бодови а пред него се првите две екипи Ференцварош и Пакс со по 17 бодови на на трето место е тимот на Бобан Николов, МОЛ Фехервар со 16 бодови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk