
Петмина кандидати влегуваат во трката за градоначалник на Штип, независниот кандидат Трајче Митев, Лазар Наумов од партијата ТМРО, актуелниот пратеник д-р Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ и Симон Поликарп, кандидат на македонската конзервативна партија Интегра.
Рокот за доставување на кандидатури за градоначалник на Штип беше до вчера на полноќ. Денес претседателката на Општинската изборна комисија – Штип, Сенка Андреева ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти официјалните кандидатури за избор на градоначалник на Општина Штип.