
Се чека целосната документација за да се стави во употреба техничкиот дел од гасоводот Штип, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој на новинарското прашање кога ќе биде дадена дозвола на компанијата, која ги врши тестирањата и која ќе биде првата гасоводна делница што ќе биде пуштена истакна дека до денеска не е пристигнато барање за пуштање на некоја од гасоводните делници од Штип до Битола и од Скопје до Гостивар.
Веднаш кога ќе пристигнат документите, ние како Министерство за транспорт и врски ќе формираме Комисија која што ќе изврши и технички прием и сме подготвени да веднаш го завршиме овој предмет кога ќе стигне во Министерството. До ден денеска таков предмет не е пристигнат, но веднаш по пристигнувањето ќе започнеме постапка, вели Бочварски.
Министерот за транспорт и врски Бочварски најави дека има постапка и за избор на изведувач на првиот интерконектор со соседна Грција.
Лаура Стојанова М-Нет