
Сама против шестима, со овој адут професорката Билјана Ванковска настапува на претседателските избори. Денеска на средба со штипјани вели дека првиот чекот кој ќе се направи е раскинување на договорот за меѓусоседски односи со Република Бугарија. Вели дека граѓаните не само сиромаштијата ги боли националното.
„Адутот на Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина. Она што се состои во мојата програма нема да ги најдете кај ниту еден друг кандидат, така што одиме не само да бидеме интересни или оргинални туку затоа што сметаме дека одење по една патека која не води никаде освен во бездна бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики. Може да звучи премногу за граѓаните, но моето мислење е сегга или никогаш“ – вели Ванковска.
Ванковска е единствениот кандидат кој го нарушува статус квото, посочи Крмов на денешната средба. Дециден е дека тие носат нешто ново во државата. Дециден е дека црната кампања е веќе започната.
„Не очекуваме, како што видовте уште во старт со креативно толкување од АВММУ и таа една минута која не следуваше ни е пресечена на пола. Но, ние и како партија сме навикнати на нефер односи.“ – вели Крмов.
Ванковска истакна дека во Штип била топло пречекана, како и самата што не очекувала.
Лаура Стојанова М-Нет